0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитика

Спасовски и Сугарески на увид во обновата на патот Куманово-Страцин

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе направат увид во градежните работи за обнова на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе направат увид во градежните работи за обнова на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин.
Пред Спасовски и Сугарески ќе бидат претставени тековните градежни активности на делницата во должина од 16,64 километри, со ширина од седум до 10 метри.
Инвестицијата изнесува 7,2 милиони евра, обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта.са/лв/
фото: МИА архива

Back to top button
Close
Close