0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Спасовски и Димитров: Нема отстапување од процесот, да ги донесеме европските стандарди дома

Европската комисија вчера објави дека е утврден предлогот за Преговарачката рамка и е доставен на одобрување на земјите-членки. Со ова се потврдува дека нема отстапување од процесот што е утврден. Интеграцијата на нашата земја во ЕУ го добива заслуженото забрзување за да се придружи кон семејството народи обединети околу европската идеја. Не можеме да не се радуваме на чекорите напред по 15 години чекање, време е конечо да ги засукаме ракавите, да го искористиме овој процес а европските стандарди да ги донесеме дома.

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Европската комисија вчера објави дека е утврден предлогот за Преговарачката рамка и е доставен на одобрување на земјите-членки. Со ова се потврдува дека нема отстапување од процесот што е утврден. Интеграцијата на нашата земја во ЕУ го добива заслуженото забрзување за да се придружи кон семејството народи обединети околу европската идеја. Не можеме да не се радуваме на чекорите напред по 15 години чекање, време е конечо да ги засукаме ракавите, да го искористиме овој процес а европските стандарди да ги донесеме дома.

Ова денеска на заедничка прес-конференција го изјавија премиерот Оливер Спасовски и шефот на дипломатијата Никола Димитров, откако вчера Европската комисија ја достави предлог Преговарачката рамка на разгледување во Советот на ЕУ.

Спасовски и Димитров истакнаа дека процесот ќе продолжи уште во текот на наредната недела, со дебата по рамката за преговорите на експертско ниво и со чинот на нејзино усвојување од државите членки со што и преговорите формално можат да започнат.

-Преговарачката рамка на ЕК во рамките на предвидената агенда е уште еден силен доказ дека Северна Македонија прави цврсти и сигурни чекори на својот европски пат. Тој пат носи и обврска за нас уште порешително и суштински да обезбедиме континуитет на реформите, владеењето на правото, економскиот развој, здрава животна средина, европско земјоделство и европски шанси за подобар живот на сите македонски граѓани во сопствената земја. Пред нас се чекори што го забрзуваат целиот процес на европеизацијата на сите сегменти од нашето општество. Процес кој ќе помогне европските стандарди во сите области да ги оствариме и да ги применуваме дома во нашето општество и во нашето политичко секојдневие, рече Спасовски.

Потсети дека во овие три години покрај реформите дома, земјава направи повеќе историски чекори на меѓународен план, според највисоките стандарди на дипломатијата и на меѓународната политика. Истакна дека земјава ги откочи процесите за двете стратешки определби на нашата земја, НАТО и ЕУ, и, како што рече, ги направивме пресудни остварувањата за само три години. Оцени дека ретко кој во регионот покажал такви државички перформанси, особено за земја која до 2016 година беше оценета како заробена држава.

– Сакам да се заблагодарам на Хрватска која за време на своето претседателство со ЕУ ја  исполни сопствената агенда токму во овој период, во март оваа година да се донесе одлука за почеток на преговорите за членство на нашата земја со ЕУ. Од огромно значење е што токму вчера на првиот ден на германското претседателство со ЕУ се утврди преговарачката рамка за Северна Македонија, рече Спасовски.

Изрази уверување дека со помош на институциите на ЕУ и под водството на германската канцеларка Ангела Меркел преговарачката рамка ќе ја усвојат сите земји членки и дека ќе ги започнеме и формално преговорите за членка со прва меѓувладина конференција.

Додаде оти Владата е подговена во полн капацитет да ги почнеме и успешно да ги спроведеме преговорите во најбрз можен рок.

Димитров од своја страна посочи дека Комисијата ја исполни својата задача, и врз основа на новата методологија предложи преговарачка рамка што е поконкретна, подинамична, поверодостојна која што на земјите членки им дава простор да учествуваат и тие директно со свои експерти во земјите во преговорите и да учествуваат со контрибуции кон извештаите за напредокот.

Повтори дека уште идната седмица по информации од Брисел на експертско ниво ќе се отвори првата расправа каде овој документ ќе оди околу масата за први  видувања на земјите членки.

– Како што си разменивме пред неколку дена пораки со министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, иако се разбира првиот приоритет на германското претседателство е справување со Ковид-19, многу и ним им е важно да има еден ваков успех, истакна Димитров.

Појасни дека по усогласување на преговарачката рамка и нејзино усвојување од страна на Советот, односно земјите членки следи првата Меѓувладина конференција што е првиот конкретен чекор и форум за политички и реформски дијалог меѓу земјава и ЕУ.

– Првото поглавје што ќе се отвори ќе биде поглавјето, односно сега ги викаме пакети или кластери за основни вредности. Таму е владеењето на правото, таму се фундаменталните права, таму е безбедноста, таму е и финансиската контрола, јавните набавки, статистиката, економските реформи и функционирањето на демократските институции и последно јавната администрација. Се се ова области што се клучни и за нас и со нетрпение очекуваме да почне овој дијалог меѓу земјите членки. Во меѓувреме ќе ја проучуваме предлог преговарачката рамка. Да ни биде, да ни е со среќа, заклучи Димитров. нд/са/

Таг
Back to top button
Close
Close