0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Спасовски: Членството во НАТО влог во иднината на нашата земја

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на свечената седница по повод по повод донесувањето на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, истакна дека по 27 години од првата одлука за членство во НАТО донесена во Собранието, на овој пратенички состав му припадна честа во име на сите нивни претходници во пратеничките клупи и на сите граѓани да го ратификува овој документ, кој е влог во безбедносната иднина на нашата земја.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Техничкиот премиер Оливер Спасовски на свечената седница по повод по повод донесувањето на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, истакна дека по 27 години од првата одлука за членство во НАТО донесена во Собранието, на овој пратенички состав му припадна честа во име на сите нивни претходници во пратеничките клупи и на сите граѓани да го ратификува овој документ, кој е влог во безбедносната иднина на нашата земја.

-Силна е таа симболика, тој чин на пристапување во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, рече Спасовски и посочи на самитот на НАТО во Лондон лани во демекври каде Северна Македонија ја потврди определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност, градење силни транснационални односи во Алијансата заснована на демократски вредности како основа за заеднички просперитет и напредок на сите земји членки.

Тој нагласи дека аспиранциите за членството во ЕУ и НАТО во изминатите речиси 30 години беа константа како наши стратешки определби, но тоа не беше лесно, рече Спасовски и укажа на одлуките на поранешниот премиер Зоран Заев.

-Историјата се пишува со храбри одлуки, со компромиси. Кога сите мислеа дека нема излез беа преземени чекори што не извлекоа од минатото и безилезот и ни ги вратија нашите аспирации за нашето членство во НАТО и ЕУ во нивна полна реалност.  Во таа насокана во овој чин должни сме да одадеме признание и за работа на мојот претходник Зоран Заев кој за само две и пол години презеде иницијативи кои беа крунисани со успех и кои го овозможија овој денешен настан да биде реалност, а тоа е ратификацијата на договорот, рече Спасовски.

Тој посочи на договорите склучени од Заев со колегите Борисов и Ципрас, кои рече од тотална излоација на меѓународната сцена направија пресвртница и ја вратија С. Македонија на агендата на ЕУ и НАТО и овозможија членство во НАТО.

-Договорот од Преспа го потврди и афирмираше нашиот идентите. Граѓансите на С.Македонија ја поднесоа најголемата жртва. Пратеници во овој состав донесоа тешки но историски одлуки. Не беше едноставно да се помине низ процесот на промена на името на државата. Сепак се согласивме да додадеме географска одредница пред името, а да ги задржиме сите идентитетски обележја на нацијата. Имаме историско решение за сите наши вековни стремежи, кое го зајакна македоннскиот јазик, нашиот идентитет и нашиот народ. Со Грција ги отворивме страниците на пријателство, трасиравме пат за заедничко стратешко партнерство и го урнавме ѕидот што не делеше и изградиме пријателство кое ќе го чуваме и негуваме, рече Спасовски, и потсети дека Грција беше прва земја на НАТО која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во Алијансата.

Според него, големите визии може да се реализираат само преку акција и храбра иницијатива, а за да ја постигнеме нашата цел, рече, постојано се фокусиравме на градење доверба, креативен дијалог.

-Денес можеме гордо да кажеме дека времињата на несигурност и нестабилност се зад нас. С. Македонија е на јасен чист пат заедно со најсилните сојузи во свет. Одиме по тој пат кој ни обезбедува подобар и повисок стандард, посигурни граници и припадност кон семејство од нации ориентирани кон иднината . Од оваа најголема и благородна цел нема отстапување. РСМ станува 30. земја членка на НАТО, рече Спасовски.

Упати благодарност до сојузниците од регионот, до членките на НАТО кои не поддржаа на патот кон Алијансата.

-Денес можеме слободно да кажеме дека сме горди на постигнатото, остваривме една од стратешките цели околу кои сме обединети. Нека биде така и во однос на втората стратешка определба членството во ЕУ, рече техничкиот премиер Спасовски. вг/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close