0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталВидео изјаваПолитика

Спасовски – Чакрабати: Финансиска поддршка од ЕБОР за исполнување на критериумите за ЕУ

Европската банка за обнова и равзој (ЕБОР) е значаен партнер на Северна Македонија со финансиската поддршка на нашите напори за успешно исполнување на потребните критериуми и стандарди за приближување кон Европската Унија, истакна премиерот Оливер Спасовски на средбата во Лондон со претседателот на ЕБОР Сума Чакрабати.

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Европската банка за обнова и равзој (ЕБОР) е значаен партнер на Северна Македонија со финансиската поддршка на нашите напори за успешно исполнување на потребните критериуми и стандарди за приближување кон Европската Унија, истакна премиерот Оливер Спасовски на средбата во Лондон со претседателот на ЕБОР Сума Чакрабати.
На средбата заеднички е констатирано задоволство од досегашната соработка, од ЕБОР е најавена намера да иницираат потпишување меморандум за соработка за поддршка на преговорите за членство на нашата држава во ЕУ, соопшти владината прес-служба.

На средбата на владината делегација во ЕБОР во Лондон е потенцирано дека главни области во кои се очекува поддршката од банката во насока на зајакнување на економските реформи се јакнење на капацитетите на човечкиот капитал со мерки за зголемување на продуктивноста и инвестициите во образованието, како и поддршка на конкурентноста на компаниите за рамноправно учество на глобалните пазари.

Како приоритетни области за заедничка соработка и поддршка остануваат финансирањето на големите инфраструктурни проекти, инвестиции во обновливи извори на енергија и гасификацијата, како и поддршката на зелената економија, односно на давањето предност на незагадувачките и енергетски ефикасните индустрии, како и придобивките од четвртата индустриска револуција, односно дигитализацијата на услугите за зголемена ефикасност на ресурсите.

– Го поздравуваме ангажманот на ЕБОР во подржување со финансиски средства на нашите напори за успешно исполнување на потребните критериуми и приближување кон ЕУ. Очекуваме дека оваа поддршка ќе продолжи, истакна Спасовски и додаде дека главниот приоритет на владите од регионот е да го забрзаат економскиот раст на земјите од регионот, како и на регионот во целина.

Премиерот Спасовски изразил благодарност за поканата за учество на инвестицискиот самит на ЕБОР, што претставува чин на континуираната и силна поддршка на банката за подигање на стандардот и за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните на Северна Македонија.

Како придобивка од соработката со ЕБОР е економскиот напредок на земјата и создадената позитивна клима за странски инвестиции што беше потврдено и со највисокото ниво на инвестиции во 2018 и 2019 година кога достигнаа вредност од 740 милиони евра.

– Поддршката на ЕБОР, во координација со владините економски политики за раст го поттикна и растот на индустриското производство во земјата за осум проценти од формирање на оваа влада, што поттикна раст на компаниите и отворање на нови работни места со што стапката на невработеност се намали за девет проценти, што е историски рекорд за земјата, рече премиерот Спасовски на средбата со највисоките функционери на ЕБОР во Лондон.лв/са/

Back to top button
Close
Close