0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитика

Спасовски, Царовска и Димковски во тиквешкиот регион на закројување на лозите

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска ќе го посетат тиквешкиот регион.

Демир Капија, 14 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска ќе го посетат тиквешкиот регион.

Спасовски и Димковски ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово“. Премиерот и владина делегација ќе присуствуваат и на приемот, кој по повод празникот на лозарите и виното го организира градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, како и на симболичното закројување на винови насади кое по овој повод ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци.

По традиционалната церемонија на закројување, планирана е заедничка прошетка и посета на изложбените штандови во центарот на Кавадарци.

Заменичката на претседателот на Владата, Царовска ќе даде изјава за медиумите во винарската визба „Попова Кула“ во Демир Капија. бк/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close