0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор

Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор, градиме по европски стандарди, ја градиме Европа дома, порача денеска од Ѓорче Петров потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски. 

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор, градиме по европски стандарди, ја градиме Европа дома, порача денеска од Ѓорче Петров потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски.

Според него, СДСМ гради рамномерно насекаде, и во градските и во руралните средини, ја гради земјата за сите. Го враќа достоинството на граѓаните со модерна инфраструктура.

Обнова на режимот е опасност и не ни е потребна, дополни Спасовски.

-Тие меѓународно ја изолираа земјата да крадат, а ние ги обновивме партнерствата со меѓународната заедница, станавме членка на НАТО и отвораме преговори со ЕУ и во нашата држава да ја градиме Европа – дома. Овде во Ѓорче Петров немаше фекална канализација во Волково, Стопански Двор и Кисела Јабукa – ја поставивме. Вложени се 15 милиони 826 илјади денари. Се гради водоводна мрежа во руралниот дел на Никиштани. Изградивме водоводна мрежа во Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, истакна Спасовски.

Според него, во тек се четири проекти: изградба на атмосферска канализација за ул.Радушка-Општина Ѓорче Петров, завршување на фекалната канализација и приклучоци на сите куќи во Волково, фекална канализација во Орман и пречистителна станица, за што е веќе готова проектната документација. Работиме на регулација на атмосферската и на фекалната канализација во Хром, на канализација и асфалтирање преку пругата Дексион.

-Ние поврзуваме. Ги поврзуваме селата со градовите. Се поврзуваме со соседите и регионот. Градиме и автопати и отвораме гранични премини. Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 километри водоводи и канализации. Обнова на режимот е опасност и не ни е потребна. Веќе три години ја обновуваме државата што регионот веќе ја препознава како европски пример. За да продолжиме да градиме сигурна иднина, заедно, на 15 јули избираме број три, бидејќи можеме и повеќе и подобро, рече Спасовски. мч/мд/

Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски #Можеме #СДСМ

[🔴Во живо] Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски

Posted by Oliver Spasovski on Сабота, 04 јули 2020

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close