ЕвропаЕвропа.Портал

Спасено бебе родено во мигрантски чамец

Шпанските власти соопштија денеска дека спасиле група од 86 мигранти, меѓу кои се наоѓало и бебе кое се родило во чамец додека пловел на отворено море.

Мадрид, 14 февруари 2020 (МИА) – Шпанските власти соопштија денеска дека спасиле група од 86 мигранти, меѓу кои се наоѓало и бебе кое се родило во чамец додека пловел на отворено море.

Спасувачките служби на Канарските Острови информираа дека новороденчето и мајката се префрлени в болница, но и уште три бремени жени.

Мигрантите се наоѓале во три помали чамци и сите се во добра здравствена состојба.

Минатиот месец во еден мигрантски чамец било пронајдено мртвородено дете со потекло од западниот брег на Африка. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close