Фудбал

Спалети: Одлуката Наинголан да биде казнет е на претседателот, ќе се врати за 2-3 дена

Наинголан премина во Интер во текот на летото од Рома за 38 милиони евра. Оваа сезона има учествувано во 15 натпревари за „неразурите“ и постигна 3 гола.

Милано, 25 декември 2018 (МИА) – Тренерот на Интер, Лучано Спалети откри дека Раџа Наинголан ќе го пропушти само утрешниот натпревар со Наполи, по што ќе биде вратен во првиот состав. Белгиецот беше отстранет од тимот поради нарушување на дисциплината, а одлуката е лично на сопственикот на клубот.

– За жал Наинголан нема да игра против Наполи. Но правилата се не помалку важни од самиот фудбал. Тој го пропушта само овој натпревар, до 2-3 дена ќе се врати во групата. Одлуката е лична на претседателот Чан. На мене не ми останува ништо друго освен да ја почитувам”, рече Спалети на прес-конференцијата пред натпреварот.

Наинголан премина во Интер во текот на летото од Рома за 38 милиони евра. Оваа сезона има учествувано во 15 натпревари за „неразурите“ и постигна 3 гола.вз

Таг
Back to top button
Close
Close