Дописници МКДОпштински вестиПолитички партии

Спахиу: Локалниот лидер на дебарскиот огранок на ПЕИ премина во ДУИ

Локалниот лидер на огранокот на Партијата за Европска иднина (ПЕИ), Абдија Мерсоски, премина во редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Дебар, 21 јуни 2020 (МИА) – Локалниот лидер на огранокот на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Абдија Мерсоски, премина во редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), соопшти Артин Спахиу, претседател на огранокот на ДУИ и шеф на Избор штеб на партијата за Дебар на денешната прва седница на штабот на која присиствуваше и Мерсоски.

-Покрај кадрите на огранокот денес, на успешните политики, инклузивната филозофија се придружи и претседателот на огранокот на Партијата за европска иднина, Абдија Мерсоски, кој како општински советник, од денес влегува во огранокот на ДУИ и во советничката група на нашата партија, рече Спахиу.

Мерососки е член Советот на општина Дебар, избран на последните локални избори од кандидатската листа на СДСМ-ПЕИ.Со ова ДУИ во Совет на општината кој брои 15 членови сега има шест советнички места. По две места имаат СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Алтернатива и три Алијансата за Албанците.

Спахиу на средбата,која беше одржана на отворени,поради одржувањето на физичка дистанца,а на која присуствуваше и градоначалникот Хекуран Дука и кандидатката за пратеник Арбана Пашоли, меѓу другото порача дека „го очекуваме овој ден, бидејќи од денес почнавме да ги бориме деновиве наназад, се до големата победа за премиер Албанец“.вт/лв/

Back to top button
Close
Close