Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Спахиу: Доколку се покрене обвинение против Тачи, тој не ќе може да патува за Вашингтон

Косовскиот политички аналитичар Неџмедин Спахиу попладнево кажа дека доколку се покрене обвинение против Хашим Тачи, тој нема да може да оди на разговорите  Белград-Приштина во Вашингтон, закажани на 27 јуни, и ќе мора да си поднесе оставка од функцијата.

Приштина, 24 јуни 2020 (МИА)  – Косовскиот политички аналитичар Неџмедин Спахиу попладнево кажа дека доколку се покрене обвинение против Хашим Тачи, тој нема да може да оди на разговорите  Белград-Приштина во Вашингтон, закажани на 27 јуни, и ќе мора да си поднесе оставка од функцијата.

Спахиу за Косово онлајн изјави дека обвинението против Тачи, Кадри Весели и други лица не може да го загрози дијалогот и не може да ја дестабилизира ситуацијата на Косово.

Спахиу тврди дека со ова нема да се затресе „репутацијата на Косово“, бидејќи бриселскиот дијалог и дијалогот меѓу Белград и Приштина не се загрозени, со оглед на фактот дека за нив е одговорен косовскиот премиер, а не Тачи. сд/

Back to top button
Close
Close