Оригинални текстови

ЈСП-Скопје го истражува случајот со Александар и неговото куче-придружник

Ве информираме дека ЈСП Скопје преку социјалните медиуми дозна за случајот со Александар и неговото куче придружник, кој преку „фејсбук“ информираше дека не му бил дозволен влез во автобус и покрај неодамнешната одлука на раководството за слободен пристап/влез на кучињата придружници на лицата со инвалидитет.

Скопје, 17 мај 2019

Веднаш преку порака го исконтактиравме Александар да ни објасни за случката, но, се уште ни нема одговорено.

Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со неговиот татко кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнето ќе не исконтактира.

Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола.

Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран.

Одделение за односи со јавност, ЈСП – Скопје

___________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close