Дописници МКДОпштински вести

Советот на Росоман ја задолжи Комисијата за седум дена да ги процени оштетувањата  од пролетен мраз кај овошките

Советот  на општина Росоман ја задолжи Комисијата за проценка на штети  за седум дена да ги процени оштетувањата  од пролетен мраз кај овошките.

Росоман, 15 април 2021 (МИА) – Советот  на општина Росоман ја задолжи Комисијата за проценка на штети  за седум дена да ги процени оштетувањата  од пролетен мраз кај овошките.

– Ваков заклучок донесовме на последната вонредна седница. Според првичните согледувања, штети кај овошките има од пролетни ниски утрински температури во  март и особено во деновите 8, 9 и 10 април, со минусни температури до минус осум степени,  појасни за МИА Маријонка Печевска, претседател на Советот.
Вонредната седница била свикана по барање на група советници.

-Откако ќе ги добиеме проценките за настанатите штети, согласно на процентот на оштетување, ќе ја продолжиме постапката до надлежните институции за прогласување  елементарна непогода. Целта е соодветен паричен надоместок за оштетените овоштари во Росоманскиот Регион, кој е најголем за производство на праски во државата, нагласи Печевска. свд/хс/

Back to top button
Close
Close