0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политика

Советот на амбсадори: Изборите во фер атмосфера со почитување на протоколите

Советот на амбасадори укажува дека претстојните парламентарни избори чија предизборна кампања веќе започна за кои мора да постои јасен и неутрален мониторинг, ќе треба да се одржат во слободна и фер атмосфера со почит и спроведување на задолжителните здравствени протоколи, наведува Советот во соопштение.

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Советот на амбасадори укажува дека претстојните парламентарни избори чија предизборна кампања веќе започна за кои мора да постои јасен и неутрален мониторинг, ќе треба да се одржат во слободна и фер атмосфера со почит и спроведување на задолжителните здравствени протоколи, наведува Советот во соопштение.

– На тој начин, во европски дух ќе покажеме дека зачекоруваме во демократски амбиент. Ова е неопходно за до крајот на оваа година после формирањето на нов парламент и влада да манифестираме единствен настап кон ЕУ во очекување на старт на преговори ослободени од национализам и тесно партиски калкулации, а со вистинско расчистување на бројни проблеми во правосудниот систем заради чие недоволно ангажирање и поврзување со државни структури опстоија криминалот, корупцијата како голема кочница за развивање на економскиот систем без кој нема никаков напредок и државата нема иднина, оценува Советот.

Советот, како што се посочува во соопштението, со ваков однос, е во очекување на позитивни вести за датумот односно преговарачката рамка и како пакетот за проширување наше е да работиме и да покажеме дека навистина припаѓаме кон евроатлантските интегративни процеси.

Натаму Советот наведува дека развојот и брзото проширување на пандемијата предизвикана со коронавирусот во речиси сите земји на светот последниве денови се одрази во поагресивна форма и кај нас предизвикувајќи реално и здравствена криза.

– Советот и во оваа прилика нагласува дека надлежните државни институции сеуште немаат јасна визија во борбата против Ковид-19 и смета дека најголемиот товар и понатаму падна врз здравствените работници кои се истакнуваат со нивното професионално соочување и на кои Советот им дава посебна почит, додека од друга страна сеуште постои доза на потценување на проблемот од страна на граѓаните и верските институции, стои во соопштението.

Се додава дека статистичките податоци кои се и натаму загрижувачки од повеќе аспекти, укажуваат на потреба за единство во оваа компликувана ситуација и мудро однесување на сите граѓани, верските лидери а особено на политичките фактори кои се во партиските структури кои пак се подготвуват за веќе закажаните предвремни избори за идниот месец на 15 јули. нд/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close