Дописници МКДОпштински вести

Советодавна граѓанска група: Превенцијата од пожари клучна за заштита на шумите во Малешевијата

Превенцијата и заштитата на шумите и населението од пожари клучна за ублажување на последиците од евентуалните огнени стихии.

Берово, 14 јуни 2021 (МИА) – Превенцијата и заштитата на шумите и населението од пожари клучна за ублажување на последиците од евентуалните огнени стихии. Ова е главниот заклучок на состанокот на Советодавната група на граѓани во Берово кој е свикан по иницијатива на одделението за превенција при ОВР Берово, а со цел да се организирааат сите инволвирани страни во заедничка акција за успешно справување, превенција и заштита на шумите и населението од пожари.

– Од средбата на која учествуваа претставници од ТППЕ Берово, ДЗС Берово, ЦУК Берово, Гранична полција, Општинскиот противпожарен сојуз Берово, ЈП ,,Национални шуми” – Малешево Берово и Равна река Пехчево, произлегоа конкретни активности и предлози, при што во текот на следната недела ќе се формира мешовита патрола, од повеќе институции, која ќе подели флаери на лицата кои ќе се затекнат во шума на неколку локации, а изготвен е и оперативен план за заштита од шумски пожари, информираа од Советодавната граѓанска група.

Средбата како што додадоа, била оценета како навремена и многу корисна од сите учесници.

– Во таа насока од сите претставници на институцииите беше истакната потребата од координација и подобрување на состојбата, со нова и современа опрема, која се очекува да биде доделена во најкраток период, додадоа од СГГ Берово.

Како дел од активностите кои се планирани во наредниот период, а во насока на проверка на подготвеноста на институциите како што дополнија, закажана е регионална вежба која ќе се одржи на територијата на општина Берово. вс/оџ/

Back to top button
Close
Close