Свет

Советник: Ситуацијата со американската економија е многу сериозна

Ударот врз американската економија како резултат на пандемијата на коронавирусот е шок со историски размери, при што невработеноста веројатно ќе се искачи на 16 проценти и државата ќе биде принудена на дополнителни стимулации, предупреди економскиот советник во Белата куќа.

Вашингтон, 27 април 2020 (МИА) – Ударот врз американската економија како резултат на пандемијата на коронавирусот е шок со историски размери, при што невработеноста веројатно ќе се искачи на 16 проценти и државата ќе биде принудена на дополнителни стимулации, предупреди економскиот советник во Белата куќа.

– Ситуацијата е навистина сериозна, изјави советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Кевин Хасет за Еј Би Си.

– Мислам дека таков шок никогаш не е виден во нашата економија. Ќе бидеме сведоци на приближување на стапката на невработеност до нивоа регистрирани за време на Големата депресија во 1930-те, додаде Хасет.

Тој смета дека „стапката на невработеност веројатно ќе достигне околу 16 проценти или повеќе во новиот извештај за работа во април, што ќе биде објавен на 8 мај“.

– Ќе треба да донесеме навистина многу сериозни мерки за повторно да ги натераме луѓето на оптимизам, заклучи советникот на Трамп.

Според него, исто така, се очекува падот на БДП во вториот квартал да биде „голема бројка“.

– Веројатно ситуацијата ќе изгледа сериозна во следните неколку месеци. Ќе бидеме сведоци на невидено слаби бројки, нагласи Хасет, алудирајќи на американските економски показатели. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close