Svet.SlajderСветСвет.Портал

Советниците на Трамп не можат да се договорат за конечниот план за анексија на Западниот брег

Најблиските советници на американскиот претседател Доналд Трамп не можат да се договорат дали ќе го поддржат планот на Израел за анексија на делови од окупираниот Западен Брег.

Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) – Најблиските советници на американскиот претседател Доналд Трамп не можат да се договорат дали ќе го поддржат планот на Израел за анексија на делови од окупираниот Западен Брег.

Палестинците имаат намера на таа територија да ја воспостават својата држава.

Неодлучноста на американската администрација може да влијае врз почетокот на секоја акција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Белата куќа синоќа соопшти дека консултациите со израелските власти ќе продолжат бидејќи се обидуваат да формулираат предлог за реализација на планот на Трамп за израелско-палестинскиот мировен договор претставен во јануари, кој предвидува анексија.

Одлуката на администрацијата на Трамп за анексија може да го промени ставот на САД на Блискиот исток и да влијае на поддршката на евангелистите за Трамп, што му е многу важно во изборната година.

Речиси целата меѓународна заедница се спротивстави на анексијата, но многу поддржувачи на Трамп во САД со цело срце ја поддржуваат.

Одложувањето на одлуката беше најавено еден ден по разговорите за поддршка на намерата на Нетанјаху да воспостави суверенитет над големите делови на Западниот Брег.

Претставник на администрацијата изјави дека американскиот амбасадор во Израел Дејвид Фридман и специјалниот пратеник за Блискиот исток Ави Беркович ќе пристигнат во Израел за натамошна дискусија.

Службеникот рече дека состаноците во Белата куќа се продуктивни, но додаде дека „се уште нема конечна одлука за следните чекори за спроведување на планот на Трамп“.

Трамп би можел да ја заземе страната на Нетанјаху, кој најави дека одлуката ќе биде донесена на 1 јули, или тој би можел да поддржи помалку сеопфатно преземање на делови од Западниот Брег, а исто така и целосно да се спротивстави на она што е помалку веројатно. сд/

Back to top button
Close
Close