0_Македонија.ПорталПолитички партии

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов иако вети ревитализација на езерото Треска, три години потоа шајка нема заковано

Градоначалникот Петре Шилегов вети дека ќе го врател сјајот на езерото Треска. Тоа е ветено во неговата програма за живот во Скопје на страница 28. Пред локалните избори Петре Шилегов вети и напиша "ревитализацијата на комплексот.

11 мај 2020

Градоначалникот Петре Шилегов вети дека ќе го врател сјајот на езерото Треска. Тоа е ветено во неговата програма за живот во Скопје на страница 28. Пред локалните избори Петре Шилегов вети и напиша “ревитализацијата на комплексот.

„Треска“ е истовремено и социјална и културна мерка. Заради подобра достапност на Центарот „Треска“, ќе го интензивираме градскиот јавен превоз на градот.” (затворен цитат)Три години потоа езерото Треска е руинирано, зафрлено, и без ниту една инвестиција за негово ревитализација.

Срамен потсетник на тоа колку Шилегов е неспособен и лажлив градоначалник. Петре Шилегов единствено се грижи од депонијата „Дрисла“ тендери да земаат роднините на Рашкоски без притоа да инвестира во развојот на животот на Скопјани. Три години по ветувањето за ревитализација на Треска тоа е зафрлен споменик на најнеспособниот градоначалник на Скопје.

Шилегов вети враќање на духот на Скопје, но тој го убива духот на градот. Езерото Треска не само што не е чепнато туку е и небезбедно за случајните посетители. Шилегов веднаш да превземе мерки и инцијатива за реализација на ветеното.

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close