0_Спорт.ПорталФудбал

Соуса останува селектор на Полска, и покрај тоа што не ја помина групата на ЕВРО 2020

Претседателот на полскиот фудбалски сојуз Збигњев Боњек изјави дека селекторот на полската репрезентација Пауло Соуса ќе продолжи да работи со тимот, и покрај неуспешниот настап на ЕВРО 2020.

Варшава, 24 јуни 2021 (МИА) – Претседателот на полскиот фудбалски сојуз Збигњев Боњек изјави дека селекторот на полската репрезентација Пауло Соуса ќе продолжи да работи со тимот, и покрај неуспешниот настап на ЕВРО 2020.

– Ние нема да постигнеме ништо ако постојано менуваме тренери. Ние сакаме да играме фудбал и да доминираме со противниците. Животот понекогаш може да предизвика изненадувања, но верувам дека Соуса е искусен тренер и знае што му треба на овој тим. Тој има договор, тој е добар тренер и ќе остане во националниот тим. Секако, штета е што го завршивме ЕВРО 2020 без резултат. Беше дури и поболно отколку на Светското првенство во 2018 година, бидејќи овој пат изгледавме статистички подобро, истакна Боњек.

Репрезентацијата на Полска го освои последното, 4-то место во групата Е на Евро 2020, освојувајќи 1 бод на 3 натпревари. Тимот не успеа да стигне до плејофот на турнирот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close