СветСвет.Портал

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.328.441 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 73.759, а оздравеле 277.295 луѓе.

Скопје 6 април 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.328.441 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 73.759, а оздравеле 277.295 луѓе.

– Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо го продолжи карантинот во земјата до 29 април. Тој истакна дека поради социјалното дистанцирање ситуацијата се движи кон подобро и стапката на зараза се намалува.

– Со новиот коронавирус се зарзени и државниот секретар во српското Министерство за заштита на животната средина, Драган Јеремиќ и државната секретарка во српското Министерство за финансии Јелен Танасковиќ.

– Епидемијата на Ковид-19 е под контрола во Норвешка, изјави норвешкиот министер за здравство Бент Холе, укажувајќи на ниската стапка на пренесување на болеста. Тој истакна дека „лице кое е заразено со коронавирус во Норвешка, контаминира во просек 0,7 лица“, што било и цел на Владата да се ограничи ширењето на вирусот на максимално еден човек.

– Во последните 24 часа во Италија починале 636 лица, а заразени се 3.599. Вкупно од почетокот на епидемијата во таа земја се потврдени 16.523 смртни случаи, а заразени се 132.547 лица, соопшти италијанскиот Национален институт за цивилна заштита во Рим. Во критична состојба се наоѓаат 3.898 луѓе.

– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека во првата фаза неговата земја исклучително добро реагирала, бидејќи навремените мерки го забавиле ширењето на епидемијата на новиот коронавирус и најави „релаксирање“ на рестриктивните мерки.

– Шпанската Влада одобри иницијатива за развој на апликација за мобилни телефони, која ќе им овозможи на здравствените работници геолокација на податоци за граѓаните, со што ќе може да им даде повеќе персонализирани здравствени информации.

– Во Франција во последните 24 часа починале 833 луѓе од новиот коронавирус, што е најголем број на смртни случаи во еден ден.

– Во САД од Ковид-19 починале 10.335 лица, потврди Универзитетот „Џон Хопкинс“.

– Во Турција се градат две болници од кои секоја ќе може да прими по околу илјада заразени со коронавирус. Шефот на државата Реџеп Тајип Ердоган изјави дека болниците ќе бидат изградени за 45 дена.

– Експертите ги повикуваат пушачите да се откажат од цигарите поради коронавирусот. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close