СветСвет.Портал

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 459.671 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 20.821, а оздравеле 113.776 лица.

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 459.671 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 20.821, а оздравеле 113.776 лица.

– Пандемиjaта на Ковид-19 во светот однесе животи на повеќе од 20 илјади луѓе во светот, од кои поголемиот дел се во Европа (13.581).

– И вториот тест на германската канцеларка Ангела Меркел за коронавирус е негативен, но на почетокот од наредната седмица повторно ќе и биде направен тест, соопшти претставник на Владата во Берлин.

– Мерките што ги презеде државата Њујорк за да се запре ширењето на коронавирусот изгледа функционираат затоа што во последните денови е намалено темпото на хоспитализација на новозаразени, соопшти гувернерот на државата Ендрју Куомо.

– Во Русија починале две лица за кои после смртта е утврдено дека имале коронавирус. Тие биле на возраст од 88 и 73 години. Точната причина за смртта на пациентите не е откриена.

– Во Луксембург се примени Французи болни од Ковид-19 на кои им е потребна интензивна нега.

– Канада воведува обврзна самоизолација од 14 дена за сите кои ќе влезат во државата. Во земјата досега има 3.197 потвдени случаи на коронавирусот, а починале 27 луѓе.

– Палестинците го пријавија првиот смртен случај од коронавирусот. Се работи за жена во своите 60-ти години која живеела на Западниот брег.

– Во САД бројката на заразени надмина 60.000, а околу 800 лица починале.

– Во Естонија е регистриран првиот смртен случај. Од последици на Ковид-19 починал 83-годишен маж.

– Во Хрватска се потврдени 60 нови случаи со што вкупниот број на заразени достигна 442. Заразени се и тројца хрватски војници во Литванија. Досега оздравеле 22 лица.

– Бројот на смртни случаи во Швајцарија за 24 часа се зголеми за 31 и сега во земјата има 153 починати. Бројот на заразени достигна 10.897 лица.

– Во Уганда е заразено осуммесечно бебе. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close