Svet.SlajderСветСвет.Портал

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 139.637 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив, починати се 5.120, а оздравеле 70.733.

– Во Хрватска првпат заразено дете од претшколска возраст. Вкупниот број на инфицирани од Ковид-19 во таа земја се искачи на 32.

– Советодавниот форум на Г7 в понеделник ќе одржи видео конференција поради пандемијата на коронавирус.

– Во Венецуела забележани првите два случаи на Ковид-19.

– Музејот Лувр во Париз се затвора на неодредено време.

– Исланд на четири седмици ги затвора училиштата и забрани собири со над 100 луѓе.

– канадскиот парламент се затвора на пет недели за да се помогне во сузбивањето на ширењето на епидемијата. Сопругата на кандскиот премиер Џастин Трудо позитивна на Ковид-19. Двајцата се во самоизолација.

– Во Судан забелеѓан прв смртен случај од новиот коронавирус.

– Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека постои можност до следната недела во Шпанија да има повеќе од 1000 заболени. Прогласена вонредна состојба за цела земја.

– Швајцарија ги затвора училиштата поради Ковид-19.

– Во Индонезија три нови смртни случаи поради коронавирусот.

– Во Холандија пет нови смртни случаи. Бројот на заболени зголемен на 804, а на починати на 10.

– Најголем дел од продавниците во Австрија ќе бидат затворени на една недела а да се сузбие ширењето на коронавирусот, а баровите и рестораните со забрана за работа навечер.

– Претседателот на Бразил Жаир Болсонеро изјави дека е негативен на Ковид-19, откако претходно Гардијан објави дека е позитивен на вирусот.

– Романскиот премиер Лудовиц Орбан соопшти дека тој и целата Влада се повлекуваат во карантин откако биле во контактс со сенатор кај кого подоцна е потврден Ковид19.

– Чешка ги затвори границите. Граѓаните не смеат да излезат од државата, освен за луѓе на кои работата им зависи од минувањето преку граница. Забранет влез во земјата и за странците.

– Етиопија пријави прв случај на зараза со коронавирус.

– Зголемен бројот на заболени во Босна и Херцеговина на 13 лица.

– Сите кои ќе пристигнат од Европа во Хонг Конг ќе бидат ставени во задолжителен 14-дневен карантин.

– Англија ги одлага локалните избори за следната година. ссм/

Back to top button
Close
Close