СветСвет.Портал

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.615.092 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 96.791, а оздравеле 362.542 луѓе.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.615.092 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 96.791, а оздравеле 362.542 луѓе.

– На Унгарија и се потребни повеќе респиратори и болнички кревети, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според податоците, бројот на нови случаи на зараза во изминатите 24 часа се зголеми за 210 и сега има вкупно заразени 1190 лица. Од Ковид-19 починаа 77 луѓе. Меѓу новозаразените се и 151 лице од дом за нега на стари лица во Будимпешта. – Изгледа дека сите земји веќе го достигнаа врвот и дека се гледа светло на крајот на тунелот. Засега тоа не го гледам во Унгарија, рече Орбан.

– Словенија веројатно го достигна врвот на епидемијата на коронавирус, но треба да се почека со укинување на одредени рестрикции, посебно забраната за напуштање на матичните општини, изјави инфектологот Бојана Беовиќ.

– Од вчера во Шпанија починаа 605 заболени лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 15.843. Бројот на новозаболени е намален на дневна основа. Во изминатите 24 часа има 468 новозаболени, што е најмалку од 11 март.

Италијанската Влада одлучи мерките за изолација, кои изминуваат на 13 април да ги продолжи до 3 мај.

– Русија потврди рекорден број новозаразени со коронавирус. Од вчера позитивно се тестирани 1.786 лица, а вкупниот број заразени се искачи на 11.917. Во последните 24 часа починаа 18 болни од Ковид-19, со што смртниот биланс во таа земја изнесува 94. ссм/

 

Back to top button
Close
Close