СветСвет.Портал

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 950.708 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 48.311, а оздравеле 202.826 луѓе.

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 950.708 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 48.311, а оздравеле 202.826 луѓе.

– Во БиХ досега се потврдени 512 случаја на зараза со коронавирус. Дваесет се излекувани, а 15 починати.

– Кина, каде епидемијата на новиот коронавирус првпат изби во декември минатата година, забележа помал број на новозаразени, но мерките кои го ограничуваат движењето се заострени во некои делови на земјата поради страв од појава на повеќе случаи на зараза од странство. Во државата вчера се пријавени 35 нови случаи на Ковид-19 и сите пристигнале од странство, соопшти Националната здравствена комисија.

– Бројот на заразени со новиот коронавирус во Словенија се зголеми за нови 56 лица и достигна бројка од 897. Потврдено е дека од последици на вирусот починале 16 луѓе.

– Јапонија во последните 24 часа потврди нови 97 случаи на коронавирус, што претставува најголем раст во еден ден. Вкупниот број на заразени во земјата сега изнесува 2.384 лица.

– Според шпанските медиуми, во последните 24 часа починале 950 луѓе во државата, со што вкупниот број сега изнесува 10.003. Тоа е најголем број на жртви за едно деноноќие во Шпанија. Воедно ова е шести ден по ред во кој умираат над 800 луѓе во рок од 24 часа. Во земјата заразени се 110.238 лица, а повеќе од 54.000 се хоспитализирани.

– Од коронавирусот дневно умираат по 748 луѓе во САД.

– Во Албанија досега се потврдени 277 заразени случаи, а 16 се починати. Вкупно 79 лица се хоспитализирани, од кои седуммина се наоѓаат на интензивна нега.

– Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер изјави дека досега се спроведени 92.190 тестирања на коронавирусот, а деталната анализа покажала дека поголем дел од пациентите се заразиле во Австрија.

– Бројот на починати од коронавирусот во Иран достигна 3.136, откако во претходните 24 часа починаа 124 луѓе, соопшти иранскиот министер за здравје Кијануш Јаханпур. Во земјата се регистрирани вкупно 50.468 заразени случаи со Ковид-19.

– Поранешната инженерска единица на тимот Вилијамс на Формула 1 соопшти дека ќе помогне во производство на почетна серија од 5.000 респиратори за британскиот национален здравствен систем.

– Во Република Српска во последните 24 часа се потврдени 24 нови случаи на заразени со новиот коронавирус и сега се вкупно 267, истакна министерот за здравство Ален Шераниќ.

– Бројот на пациенти кои се заразени со Ковид-19 во Унгарија изнесува 585, а досега се починати 21 лице. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close