Svet.SlajderСветСвет.Портал

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.088.636 лица. Од нив починати се 134.754, а оздравеле 515.937 луѓе.

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.088.636 лица. Од нив починати се 134.754, а оздравеле 515.937 луѓе.

– Најмногу заразени има во САД – 644.089, каде има и најголем број смртни случаи – 28.529.

– Во Европа најмногу заразени има во Шпанија – 180.659, а најмногу починати во Италија – 21.645. Потоа следуваат Франција, Германија и Велика Британија.

– Од азиските земји, најмногу болни има во Кина – 82.341 каде болеста првпат се појави, а потоа во Јужна Кореја и Јапонија.

– Од земјите во регионот најтешка е состојбата во Романија каде се заразени 7.216 лица, а починале 372.

– Во Србија се болни 4.873 лица, а починале 99.

– Кина пријави 46 новозаразени од кои 34 се внесени од странство. Во земјата нема нови смртни случаи. Три од локалните случаи се во Пекинг, каде е воведен стриктен карантин и мерки за социјално дистанцирање.

– Бројот на заразени со коронавирусот во Јужна Кореја за 24 часа се зголеми за 22 и достигна 10.613 лица. Тоа е најмалиот број на нови случаи од 20 февруари. Од 22 новозаразени 11 пристигнале од странство. За последните 24 часа починале четворица пациенти со што вкупниот број на смртни случаи достигна 229.

– Вкупниот број на заразени на Косово се зголеми на 423.

– Во последните 24 часа во сојузната американска држава Њујорк починале 752 лица. Со ова бројот на жртви во оваа американска држава се зголеми на 11.586.

– Црногорското национално координативно тело ги продолжи до 30 април мерките воведени со цел спречување на ширењето на новиот коронавирус. Во Црна Гора е воведен полициски час – од понеделник до петок од 19 часот до пет часот наредниот ден, во сабота од 13 до пет часот наредниот ден, а во недела од 11 до пет часот наредниот ден. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close