Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

Поради изведување на градежни активности сообраќајот на магистралниот пат А3, делница Подмоље - раскрсница Мислешево (Еуротел), на 26.01.2020 година (недела) во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе биде затворен. Сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1208 на делница Струга - Охрид.

Скопје, 26 јануари 2020

Поради изведување на градежни активности сообраќајот на магистралниот пат А3, делница Подмоље – раскрсница Мислешево (Еуротел), на 26.01.2020 година (недела) во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе биде затворен. Сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1208 на делница Струга – Охрид.

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 30.12.2019 реконструкцијата на мостот на Вардар кај с. Пепелиште на патниот правец Неготино – Лакавица е завршена. Сообраќајот се одвива нормално за сите видови на возила.

Од 15.11.2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1, делница Демир Капија Смоквица, за време на изведување на градежни работи-електрично осветлување на тунел Демир Капија на државен пат, согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци сметано од денот на издавање (02.01.2020 година).

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот  03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија.

 Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км, има одобрен времен режим на сообраќај.

Back to top button
Close
Close