0_Инфопакет.ПорталСостојба на патиштата

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Скопје, 20 февруари 2021 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.

ДПУТУ „Ве-Група“ Дооел известува дека од 01.02.2021 г. започна изведување на градежни активности за реконструкција на регионалниот пат п1206 делница Карпалак – Желино од км. 0+000 до км. 12+185. Активностите ке се одвиваат од 07:00 ч. до 17:00 ч. секој ден. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г. п. Ќафасан (од бензинска пумпа ОКТА до влез во с. Радолишта) брзината е ограничена на 40 км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи.

Г.П Илинден – Струга известува дека од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с. Врбјани започна со изведување на градежни работи на пат (асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента, и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.

Од 21.09.2020 се изведуваат градежни активности при рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с. Трница, за што се врши промена на режимот на сообраќај.

Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје започна рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.

На патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 3,5 тона. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Од 08.10.2020 г. е интензивирана работата на пат на оваа делница заради што апелираме за зголемена внимателност, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација.

Во текот на работното време регулирањето се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).

Виадукт трејд од 25.05.2020 г. започна со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16 км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци.

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започна на 20.03.2020 г. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

 

 

Back to top button
Close
Close