СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Состанок на шефовите на дипломатии за Либија повторно во март

Министрите за надворешни работи на државите што се обидуваат да посредуваат во мировниот договор во Либија, повторно ќе се состанат кон средината на март, соопшти германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Берлин, 3 февруари 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на државите што се обидуваат да посредуваат во мировниот договор во Либија, повторно ќе се состанат кон средината на март, соопшти германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

– Сите министри за надворешни работи кои присуствуваа на неодамнешната конференција во Либија во Берлин, ќе се состанат повторно кон средината на март, рече Мес за германската телевизија ЗДФ.

Тој истакна дека е важно завојуваните страни во Либија да се состанат во следните неколку дена.

Странските сили се согласија на самитот во Берлин на 19 јануари дека ќе помогнат да се консолидира нестабилното примирје во Либија. зш/

Back to top button
Close
Close