0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Состанок на Секторската работна група за конкурентност и иновации, ЕУ со поддршка на малите и средните компании

Секторската работна група за конкурентност и иновации, за ИПА 3 програмата на ЕУ, предводена од заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, денеска одржа онлајн работен состанок со претставници на меѓународните институции - донатори на средствата наменети за оваа програма. Како што соопшти кабинетот на Царовска, станува збор за нов циклус на програмата за донаторска помош од ЕУ од 2021 година, што се однесува на поттикнување на претриемаштвото, поддршка на малите и средните претпријатија, олеснета трговија, дигитализација, како и поддршка на иновативноста и технолошки развој.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Секторската работна група за конкурентност и иновации, за ИПА 3 програмата на ЕУ, предводена од  заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, денеска одржа онлајн работен состанок со претставници на меѓународните институции – донатори на средствата наменети за оваа програма. Како што соопшти кабинетот на Царовска, станува збор за нов циклус на програмата за донаторска помош од ЕУ од 2021 година, што се однесува на поттикнување на претриемаштвото, поддршка на малите и средните претпријатија, олеснета трговија, дигитализација, како и поддршка на иновативноста и технолошки развој.

Вицепремиерката Царовска рече дека Владата во својата Стратегија за приоритет го смета индустрискиот раст и развој, јакнењето на домашните бизниси и новите иновативни идеи, како и продолжување на директните инвестиции кои имаат значајно учество во економскиот раст и развој на државата. Владата ќе биде посветена за спроведување на потребните реформи за унапредување на бизнис климата и обезбедување на подобри услови за сите компании, особено малите и средните фирми, а поддршката од ЕУ е добродојдена за исполнување на потребните критериуми и усогласување на домашното законодавство со европското, пред се во насока на отворање на преговорите за членство во Унијата.

Секторската работна група за конкурентност и иновации, во којашто освен воцепремиерката за економски прашања, учествуваат и Министерството за економија, Фондот за иновации и технолошки развој, Централниот регистар, Царинската управа и други надлежни организации и институции, ќе ги продолжи преговорите со ЕУ и во наредниот период. сст/ац/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close