СветСвет.Портал

Состанок на министрите за одбрана на САД и на Јужна Кореја

Пред одржувањето на денешниот состанок меѓу министрите за одбрана на САД и на Јужна Кореја, Марк Еспер и Кјеонг Ду Жонг, американската војска ги зајакна повиците за Сеул да ги зголеми финансиите за одбраната, предупредувајќи на последиците доколку наскоро не се постигне договор.

Сеул, 24 февруари 2020 (МИА) – Пред одржувањето на денешниот состанок меѓу министрите за одбрана на САД и на Јужна Кореја, Марк Еспер и Кјеонг Ду Жонг, американската војска ги зајакна повиците за Сеул да ги зголеми финансиите за одбраната, предупредувајќи на последиците доколку наскоро не се постигне договор.

Се очекува двајцата министри да разговараат и за односите со Северна Кореја, како и за плановите да му се даде на Сеул контрола врз трупите на Полуостровот во случај на војна.

Сепак главна тема ќе биде колку пари Јужна Кореја треба да издвои и да плати за трошоците за одржување на околу 28.500 американски војници, стационирани во таа земја.

Последниот Договор за посебни мерки истече кон крајот на декември минатата година, откако по повеќе рунди разговори не е постигнат напредок, а американската војска наведува дека наскоро ќе снема средства за финансирање на илјадници јужнокорејски цивили кои работат во американските бази.

– Без прилив на нови средства, силите на САД во Кореја ќе мораат да ги испратат 8.700 јужнокорејски работници на неплатено отсуство од 13 март и на тој начин некои служби во базата ќе бидат намалени, суспендирани или откажани, соопшти денеска командата на американската војска, додавајќи дека тоа ќе има значајно емоционално и финансиско влијание врз јужнокорејските работници во базите.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати истакна дека Јужна Кореја мора да преземе поголем товар за издршка на трупите. Вашингтон бараше и до пет милијарди долари годишно, што е петпати повеќе од она на што се согласи Сеул во едногодишниот договор. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close