Svet.SlajderСветСвет.Портал

Состанок на индиски и кинески воени претставници за спорната граница

Претставници на индиската и кинеската армија денеска разговараат за начините за решавање на повеќемесечните тензии долж спорната граница во планинскиот регион Ладак.

Сринагар, 21 септември 2020 (МИА)Претставници на индиската и кинеската армија денеска разговараат за начините за решавање на повеќемесечните тензии долж спорната граница во планинскиот регион Ладак.

Детали за разговорите што се одржуваат на кинеска страна, во областа Молдо, не се познати, а на состанокот учествува и претставник на индиското Министерство за надворешни работи.

И покрај неколку рунди разговори на воено, дипломатско и политичко ниво, вклучително и разговори меѓу министрите за надворешни работи и одбрана на двете земји во Москва претходно овој месец, тензиите на границата остануваат.

И Индија и Кина дадоа малку информации, но медиумите на двете земји известуваа за ескалација на тензиите што драматично ги промени односите меѓу земјите.

Ескалацијата се случи во јуни кога имаше судир меѓу војниците кои користеа палки и се бореа едни со други. Тогаш загинаа 20 индиски војници. Се верува дека и Кина има жртви, но не даде никакви детали.

Двете земји се обвинуваа меѓусебно во последните неколку недели за испраќање војници на територијата на другата земја, а имаше и предупредувачки истрели за првпат по 45 години, што предизвика страв од воен конфликт.

Односите меѓу двете земји честопати беа затегнати, делумно и поради непостоење демаркација на границата.

Од граничната војна во 1962 година, која заврши со примирје, војската ги контролира недефинираните погранични области и договорено е тие да не се напаѓаат едни со други со огнено оружје. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close