БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Состанок на челниците на косовките владејачки партии утре кај премиерот Хоти

Челниците на трите партии на косовските Албанци, кои се дел од владејачката коалиција, Иса Мустафа лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Рамуш Харадинај на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Фатмир Лимај на Социјалдемократската иницијатива (Нисма), ќе се состанат утре во кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 19 август 2020 (МИА) – Челниците на трите партии на косовските Албанци, кои се дел од владејачката коалиција, Иса Мустафа лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Рамуш Харадинај на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Фатмир Лимај на Социјалдемократската иницијатива (Нисма), ќе се состанат утре во кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата преку соопштение за медиумите ја објави службата за информирање на партијата на Харадинај.

– Ве извесуваме дека претседателот на ААК, г. Рамуш Харадинај, ќе учествува утре (четврток) на состанокот кој ќе се одржи во владината зграда, заедно со другите лидери од коалицијата и со премиерот Авдулах Хоти, се вели во соопштението на ААК.

Портпаролот на таа партија, Љуљзим Бљака, за порталот „Коха.нет“ потврди дека покрај Харадинај на состанокот ќе присуствуаат и Мустафа и Лимај, но не информира за темите на разговорите.

Според приштинските медиуми, на состанокот ќе се разгледаат резултатите од досегашното владеење на коалицијата, која ја презеде власта на почетокот на јуни годинава, како и односите меѓу партнерите во владата.

Премиерот Хоти, по двонеделна самоизолација откако на почетокот на месецов му беше дијагностициран Ковид-19, денеска објави дека е целосно излекуван од заразната болест и работата ќе ја извршува од својата канцеларија. иа/ссм/

Back to top button
Close
Close