СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Сорокин: Земјите-членки на ОПЕК плус не можат сами да го стабилизираат пазарот

Земјите-учеснички во неформалниот сојуз ОПЕК плус не можат сами да го стабилизираат пазарот на нафта и затоа треба што повеќе држави да учествуваат во тој процес, изјави рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин во обрајќањето на Меѓународниот дебатен клуб Валдаи

Москва, 27 март 2020 (МИА) – Земјите-учеснички во неформалниот сојуз ОПЕК плус не можат сами да го стабилизираат пазарот на нафта и затоа треба што повеќе држави да учествуваат во тој процес, изјави рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин во обрајќањето на Меѓународниот дебатен клуб Валдаи.

– Сметаме дека за балансирање на пазарот на нафта, потребни се, не само активностите на земјите-членки на ОПЕК плус. Ако дисбалансот е проблем на глобалниот пазар, тогаш за негово доведување во рамнотежа би требало да учествуваат што е можно повеќе земји. На крај пазарните механизми сами ќе воспостават ред, но прашањето е колку во меѓувреме сите ќе изгубат, посочи Сорокин.

Тој на овој начин одговори на прашањето на еден од учесниците на собирот – дали е можно заедно со САД да се постигне договорт за намалување на производството на нафта. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close