Дописници Свет

Сореца: Имате уште недовршени домашни задачи,парламентите не треба да се потценуваат

Амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца изјавил дека земјите во регионот што чекаат да влезат во ЕУ имаат уште недовршни домашни задачи.

Тирана,17 јануари 2020 (МИА) – Амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца изјавил дека земјите во регионот што чекаат да влезат во ЕУ имаат уште недовршни домашни задачи.

Ова тој го кажал во обраќањето на 16-та Конференција на парлементарните комисии за европска интеграција на државите учеснички во процесот на стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа.

-Оваа недела, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен изјави дека ако самитот во Загреб биде успешен, ЕУ ќе ја заврши својата работа. Процесот на проширување ќе започне врз основа на предлозите на Комисијата. Но, има домашни задачи што треба да се направат во регионот. Ние мора да работиме на обврските а и владите во регионот мора да работат. Вие како парламентарци имате значајна улога во вашите влади кога станува збор во спроведувањето на реформите, особено во борбата против организираниот криминал , рекол Сореца,пренесува Топ чанел.

Според него улогата на парламентите не може да се потценува.

-Интеграцијата во ЕУ бара политичка решителност. Вие сте во срцето на овој процес, играте важна улога. Интеграцијата во ЕУ не е цел сама по себе. Вие како членови на парламентите имате важна улога. Тоа не е секогаш дијалог, но тој е од суштинско значење за успешен напредок, но и за процесот на интеграција во ЕУ,посочил евроамбасадорот.

Порачал дека стабилноста не може да се постигне во изолација.

-Дијалогот не е важен само за една земјата, туку и меѓу државите, меѓу владите во регионот. Стабилноста не може да се постигне во изолација. Регионот се обедини во ноември по земјотресот во Албанија. Солидарноста што ја видовме овие недели беше огромна. Може да верувате дека ЕУ е на ваша страна,нагласил Сореца.

Според спикерот на албанскиот парламент,Грамоз Ручи,темите за кои ќе се разговара „промовираат не само регионална соработка, туку и соработка на нашиот регион со остатокот на континентот и не приближуваат до европското семејство“.вт/

Back to top button
Close
Close