БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Сореца: Го поздравуваме изборот на Олсиан Чела за државен обвинител и членовите на КЕД

Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца,ја даде својата подршка за изборот на Олсиан Чела за генерален државен јавен обвинител и членовита на Високиот судски совет (КЕД).

Тирана, 6 декември 2019 (МИА) – Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца,ја даде својата подршка за изборот на Олсиан Чела за генерален државен јавен обвинител и членовита на Високиот судски совет (КЕД).

На објавата на Твитер наведува дека спроведувањето на реформите во правосудството останува главен приоритет на Албанија на нејзиниот пат кон интеграцијата во ЕУ.

„Го поздравуваме изборот на Олсиан Чела за генерален јавен обвинител и изборот на членовите на Високиот судски совет. Спроведувањето на реформата во правосудството продолжува и останува врвен приоритет за Албанија на нејзиниот пат кон интеграцијата во ЕУ “.

На функцијата генерален државен обвинител, Олсиан Чела беше избран од страна на парламентот,вчера попладне на пленарна седница, со 101 глас „за“.

Во меѓувреме формиран е и Високиот судски совет(КЕД) кој бри девет члена а за прв човек на институцијата е избран Ардиан Дворани, судија од Врховниот суд.вт/

Back to top button
Close
Close