БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Сореца: ЕУ во следните две години ќе даде 19 милиони евра за албанската полиција

Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, кој присуствуваше на 107-годишнината од формирањето на албанската полиција и давањето во употреба на новите простории на специјалната единица „Ренеа“, задржувајќи се на борбата против организираниот криминал рече дека „побезбедна Албанија значи побезбедна Европа“.

Тирана,13 јануари 2020(МИА) – Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, кој присуствуваше на 107-годишнината од формирањето на албанската полиција и давањето во употреба на новите простории на специјалната единица „Ренеа“, задржувајќи се на борбата против организираниот криминал рече дека „побезбедна Албанија значи побезбедна Европа“.

Оцени дека „Ренеа“ е елитна државна полиција, која спроведува важни интервенции, и додаде дека години на ред ЕУ соработува со албанските безбедносни сили за нивна модернизација.

Според него, во последните години ЕУ финансирала 15 милиони евра во поддршка на албанската полиција и оти помошта ќе продолжи.

– Работевме заедно со албанските сили за модернизирање на граничното управување. Во наредните две години ЕУ за полицијата ќе обезбеди 19 милиони евра. Причината зошто сме тука треба да се смета како многу важна во борбата против организираниот криминал, нагласи Сореца.

Според него, организираниот и тешкиот криминал не се домашни и локални појави, туку тие зависат од нивната транснационална врска.

– Со организираниот криминал мора да се борат сите, порача Сореца.

На свеченоста присуствуваше и премирот Еди Рама, кој најави бескомпромисна борба против криминалот, како никогаш досега. вт/

Back to top button
Close
Close