0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Соработка на Асоцијацијата за е-трговија и Агенцијата за пошти

Агенцијата за пошти (АП)  и Асоцијацијата за е-трговија најавуваат соработка и заеднички заложби за намалување на сивата економија, дополнителен развој на е-трговијата во државава и подобри услови за е-трговците.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Агенцијата за пошти (АП)  и Асоцијацијата за е-трговија најавуваат соработка и заеднички заложби за намалување на сивата економија, дополнителен развој на е-трговијата во државава и подобри услови за е-трговците.

Според Агенција за пошти, креирањето специфична правна рамка за потребите на овој растечки пазарен сегмент на услуги, ќе ја зајакне правната сигурност и на испраќачите и на примачите на поштенски пакети, но и воопшто сигурноста и довербата во поштенскиот сектор како нераскинлив дел од ланецот на купување на далечина.

Насоките за соработка се утврдени со Меморандумот што го потпишаа денеска директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓореска и в.д претседателот на Асоцијацијата зае-трговија Филип Чижбановски. Воедно АП воедно стана почесен член на Асоцијацијата за е-трговија.

-Главните заеднички заложби кои сакаме да произлезат по потпишување на овој меморандум е активна работа кон намалување на неформалната економија во државава и подобрување на поштенските услуги. Заедно сакаме да создадеме услови за имплементација на современите достигнувања во е-трговијата во секојдневното живеење на граѓаните во земјава, а воедно да се развијат и способностите, дигиталната писменост и градење на капацитетен пазар на труд во секторот за е-трговија кај нас. Денеска е важен ден за нас бидејќи сакаме заедно да се развиваме и соработуваме во иднина, како и во останатите европски земји, вели директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска-Ѓореска.

Конкретно, Агенцијата за пошти и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ќе разменуваат информации од заеднички интерес, ќе креираат и земат учество на еминентни настани од областа за е-трговија и ќе придонeсуваат за развојот на програмите за потребите на корисниците на услугите. Исто така, ќе разменуваат професионални совети, споделуваат тековни и нови искуства.

-Со потпишување на овој меморандум за соработка со Агенцијата за пошти ќе работиме на подобрување на поштенските услуги и зголемување на транспарентноста и квалитетот при достава на пратки. Заеднички ќе придонесуваме кон градење на доверба кон поштенските услуги преку подобрување на безбедноста на испораката, а ќе понудиме и конкретни мерки за сузбивање на сивата економија во е-трговијата, информираат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.лв/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close