БизнисБизнис.Портал

Сопственикот на „НИКОБ“ Кирил Лазаров добитник на признанието „Лидер за Југоисточна Европа“ за 2020 година

Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“, воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз, одржан онлајн од 2 до 7 јуни.

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“, воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз, одржан онлајн од 2 до 7 јуни.

Фестивалот „SEE à Paris“ традиционално се организира секоја година од страна на INALCO Paris-Cite-Sorbonne и Humboldt универзитетот од Берлин, во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима.

Признанието на Лазаров е за лидерство во економијата и развојот, во интеграцијата на балканските земји во поширокото европско семејство и претстаува круна на повеќегодишниот ангажман на младиот македонски бизнисмен во интензивирање и еманципација за новите технолошки стандарди, кои ги прават балканските институции компетитивни на светскиот пазар.

Наградата беше презентирана од Фредерик Фапани фон Лотринген од фондацијата „Ротшилд“ во име на Советот на фестивалот, а на посебна свеченост ќе му ја предаде претседателот на фестивалот, амбасадорот Јордан Плевнеш. мс/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close