0_Спорт.ПорталОстанато

Сопствениците на тимовите во Формула 1 можеби нема да успеат да склучат нов договор пред почетокот на сезоната 2021 година

Промоторот на Формула 1, Чејс Кери изјави дека Формула 1 може да ја започне сезоната 2021 година, дури и ако сопствениците на тимовите не се договорат на време за условите и да склучат нов договор за согласност за регулирање на финансиските услови.

Лондон, 8 мај 2020 (МИА) – Промоторот на Формула 1, Чејс Кери изјави дека Формула 1 може да ја започне сезоната 2021 година, дури и ако сопствениците на тимовите не се договорат на време за условите и да склучат нов договор за согласност за регулирање на финансиските услови.

– Дојдовме до последните ставови од Договорот за согласност, кога коронавирусот сврте сè наопаку. Решивме да го одложиме Договорот за некое време и прво да се справиме со проблемите поврзани со 2020 година. Кога се справуваме со календарот и ќе завршиме со промена на правилата заедно со тимовите, можеме да се вратиме на договорот, изјави Кери.

Во исто време, сопствениците на Ф1 од „Либерти Медиа“ се подготвени еднострано да ги утврдат правилата за 2021 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close