БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Сопствениците на базени во Косово ќе ја блокираат границата со Албанија ако не им се дозволи да работат

Сопствениците на базени за капење во Косово се заканија дека ќе ја блокираат границата со Албанија, доколку косовската влада не ја смени одлуката со која им се забранува работата поради опсаноста од ширење на епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 3 август 2020 (МИА) – Сопствениците на базени за капење во Косово се заканија дека ќе ја блокираат границата со Албанија, доколку косовската влада не ја смени одлуката со која им се забранува работата поради опсаноста од ширење на епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Неколку десетици претставници на бизнисот се собраа денеска на протест пред Владата во Приштина, со барање да им се дозволи да ги отворат за посетители нивните објекти кои се на отворено и во кои, како што велат, инвестирале многу во изминатите години.

– Доколку Владата не донесе одлука до вечерва, ние најавуваме дека следниот протест ќе го одржиме на границата со Албанија, за да ги блокираме возилата кои излегуваат надвор од Косово. Истовремено, бараме од Полицијата на Косово да не нé провицира додека ги изнесуваме нашите барања, изјави Диамант Пачаризи, претставник на сопствениците на базени.

Меѓу последните мерки на косовската Влада за спречување на ширењето на епидемијата на новиот коронавирус, беше и онаа за затворање на базените на отворено, меѓутоа Пачиризи вели дека досега нема никаков доказ дека тие одмаралишта биле жаришта на заразата.

Тој порача дека, доколку се утврди оти вирусот се шири од базените, тие самите ќе ги испразнат и затворат. иа/

Таг
Back to top button
Close
Close