СветСвет.Портал

Сопственици на кафулиња бараат смена на гувернерот на Тексас

Група сопственици на кафулиња во Тексас покренаа судска постапка и барање за смена на гувернерот Грег Абот, поради неговата наредба да се затворат деловните објекти  кои „придонесуваат за ширење на коронавирусот“.

Остин, 30 јуни 2020 (МИА)Група сопственици на кафулиња во Тексас покренаа судска постапка и барање за смена на гувернерот Грег Абот, поради неговата наредба да се затворат деловните објекти  кои „придонесуваат за ширење на коронавирусот“.

Абот минатиот месец изјави дека кафулињата и баровите се извор на инфекцијата и драматично зголемување на бројот на луѓе кои се заразени со Ковид-19.

Во тужбата се наведува дека Абот нема овластување загарантирано со Уставот на Тексас да издава вакви наредби и дека тој побарал да бидат затворени кафулињата, но не и некои други деловни објекти како што се фризерски салони, салони за убавина и за тетоважи.

Абот побара да бидат затворени сите објекти кои заработуваат најмалку 51 процент од продажбата на алкохол, како и намалување на капацитетите на рестораните од 75 на 50 проценти. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close