0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Сопругата на Коби Брајант најде неотворено писмо од нејзиниот починат сопруг

Ванеса Брајант, сопругата на легендарниот кошаркарк на Лејкерс, објави на Инстаграм фотографија од неотворено писмо од Коби Брајант. Таа го прочита на роденденот на 5 мај.

Лос Анџелес, 6 мај 2020 (МИА) – Ванеса Брајант, сопругата на легендарниот кошаркарк на Лејкерс, објави на Инстаграм фотографија од неотворено писмо од Коби Брајант. Таа го прочита на роденденот на 5 мај.

– Вчера најдов плик со натпис на кого: За љубовта на мојот живот. Од твојот Папи. Чекав да го отворам писмото за мојот роденден. Ми даде нешто што со нетрпение чекав денес да го отворам. Иронијата е во тоа што Коби ја стави во мојата слика со ангел што ме држи. Ми недостасува љубовта на мојот живот и мојата слатка мала Мамацита. Благодарна сум што се разбудив денес со моите три слатки девојки. Посакувам сите да бевме заедно, напиша Ванеса на Инстаграм.

На 26 јануари 2020 година, петкратниот шампион во НБА, Коби Брајант, почина во хеликоптерска несреќа. Имаше 41 година. Заедно со него починаа неговата ќерка Џиана и уште седум други лица. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close