Политички партии

Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 22 август 2020 

Неспособната тендер власт на Заев се интересира само за личното богатење, а не за здравјето на граѓаните и интересите на државата. Нов ден и нова трицифрена бројка на нови заразени. Последното деноноќие има 115 заразени и 3 починати лица. Македонија со овие бројки останува црн рекордер по овие параметри на еден милион жители и станува црна точка извозник на корона вирусот во Европа.

Освен тоа Македонија стана единствената земја во регионот и пошироко на која и пропадна банка со што над 100 илјади сметки останаа блокирани. Тоа покажува дека власта на Заев наместо да се грижи за народот, се грижеле навремено да бидат извлечени парите на Нина Ангеловска од Еуростандард Банка. Самиот Заев кажува дека знаеле во Владата дека банката пропаѓа, а Нина тврдеше дека не знаела и случајно го повлекла својот депозит од 250 илјади евра. Ете како ја лажат јавноста.

Дополнително во услови на корона криза, Македонија e единствената земја која што ја покачи цената на струјата за 7,5%, со што народот ќе го плаќа недомаќинското работење на енергетските компании од кои Заеви на различни начини испумпуваат милиони евра.

Македонија со Заев стана земја во која власта се богати, а народот плаќа за нивната неспособност и криминал.

Впрочем на оваа тендерска власт на Заев битен и беше изборниот поткуп на граѓаните и не водеа грижа како и колку се задолжуваа. За само три месеци го покачија јавниот долг за над 1 милијарда евра, а ништо не направија за стопанството и стандардот на граѓаните. На толкаво задожување десетина илјади граѓани ги изгубија своите работни места, десетина илјади граѓани не земаат редовно плата, а веќе има прогнози од страна на експертите дека на есен ќе нема пари државата да ги сервисира основните обврски.

Сето ова само покажува дека тендерашката власт ја интересира само личното богатење, а народот и државата ги остава да тонат во сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close