Оригинални текстови

Соопштение од ССМ за Живко Митревски

Како „истакнат“ правник, наместо да се фали со првата страна од Пресудата на Управниот суд и Пресудата на Вишиот Управен суд, требало истите да ги прочита до крај и да прочита дека никаде не пишува дека Живко Митревски се враќа како Претседател на ССМ.

Скопје, 24 август 2020

Како „истакнат“ правник, наместо да се фали со првата страна од Пресудата на Управниот суд и Пресудата на Вишиот Управен суд, требало истите да ги прочита до крај и да прочита дека никаде не пишува дека Живко Митревски се враќа како Претседател на ССМ, туку пишува дека „тужениот орган при повторното постапување треба да ги има предвид и целосно да утврди дали се исполнети зкаонските услови за упис на промена во надлежниот регистар, односно да утврди дали постапката по кривичниот предмет КО3 бр.583/2016 која во конкретниот случај претставува претходно прашање, е правосилно завршена, а доколку истата не е правосилно завршена да донесе одлука за прекин на постапката за упис на промена, се до нејзиното правосилно завршување.“

Манипулаторот, Митревски добро знае, со оглед на тоа што е подносител на Кривична пријава, а треба да ги информира и јавноста и лицата со него на пресот, дека со Решение КОЖ бр.28/20 од Вишото Јавно обвинителство Скопје со кое се потврдува Решението на Основното јавно обвинителство Скопје КО3 бр.583/16 од 18.12.2019 година е отфрлена Кривичната пријава поднесена од Живко Митревски од Битола, и се потврдува дека во тој период, Дарко Димовски е легитимно избран за вршител на должноста Претседател на ССМ.

Согласно напатствијата во Пресудите со кои се фали, предходното прашање е правосилно завршено со отфрлање на Кривичната пријава поднесена од Митревски и согласно Закон, нема никаков основ тогаш поднесената Жалба од Митревски по Решението од Второстепената комисија, ниту пак влијание Пресудата со која истиот се фали со оглед на тоа што сите Законски пречки кои би можеле да влијаат на постапката се правосилно завршени во корист на ССМ и Дарко Димовски како Претседател.

Претседател на ССМ не се станува со желба или со пресуда на Управниот суд која никако не влијае на работењето на Сојузот на синдикатите на Македонија, туку на Конгрес со избор од страна на Делегати избрани од синдикатите здружени во ССМ.

Од разрешувањето на Живко Митревски, Сојузот на синдикатите на Македонија одржа два Конгреси, Вонреден во декември 2017 година и редовен 20 Конгрес на 3 јули 2020 година на кој за претседател на ССМ е избран Дарко Димовски, а на кој Митревски немаше храброст ниту да се појави меѓу членовите на синдикатите и Делегатите на Конгресите, што доволно говори за фактот каков полтрон и Претседател на ССМ бил во изминатите години.

Работа на Сојузот на синдикатите на Македонија е да се бори за унапредување и заштита на правата на работниците, а не за остварување на лични желби и интереси, па срамно е наместо да се бориш за работниците за кој немаш сторено ништо, да се бориш за фотеља и за личен интерес и по што си препознаен од работниците.

Сојузот на синдикатите на Македонија

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close