0_Македонија.ПорталОригинални текстови

Соопштение од НСОН околу правата на вработените во воспитно- образовните установи и институции

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) изминатиот период будно и со голем интерес ги следи активностите на надлежното министерство во врска со донесување протоколи и акциски планови за организација на наставата во учебната 2020/2021 година.

Скопје, 29 јули 2020 

Се обраќаме со намера да предупредиме дека од плановите и протоколите кои ќе се донесат периодов, никако не смее да бидат изземени правата на вработените во воспитно- образовните установи и институции.

Бараме заштитата на здравјето и животот на сите вработени во воспитно- образовни установи и институции да биде приоритет, со особен акцент на сите кои по било каков основ се наоѓаат во ризична група поради својата здравствена состојба.

Соопштуваме дека доколку, по излегувањето на протоколите и плановите, се покаже дека правата на оваа категорија вработени не била земена предвид, НСОН е подготвен да иницира и организира протести или штрајк со цел да го коригира таквиот пропуст.

Независен синдикат за образование и наука

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close