0_Македонија.ПорталПолитички партии

Соопштение од Левица во врска со последното задолжување на Владата во висина од 700 милиони евра

Антинародната политика на Заев и СДС и натаму продолжува. Откако на најподол начин го промени името и го склучи штетниот договор со Бугарија, Владата зададе нов удар на Македонија и иднината на сите нас задолжувајќи не’ за рекордни 700 милиони евра.

Скопје, 29 мај 2020 

Антинародната политика на Заев и СДС и натаму продолжува. Откако на најподол начин го промени името и го склучи штетниот договор со Бугарија, Владата зададе нов удар на Македонија и иднината на сите нас задолжувајќи не’ за рекордни 700 милиони евра.

Со ова, Ангеловска, Заев и СДС ја ставија Македонија во економско заложништво на западноевропските финансиски институции на кои македонските граѓани, покрај главниот долг, за шест години ќе им исплатат камата од над 160 милиони евра.

Неспособноста на министерката Нина Ангеловска – Групер и целиот економски тим на Владата, не треба да бидат оправдување за задолжувањата. Оправдување за ова големо задолжување не треба да биде и намалениот буџетски приход, бидејќи креатори на овогодишниот нереален буџет и крајно погубната економска политика изминативе години се токму СДС.

Ниту корона вирусот, ниту вонредната состојба не се оправдување, особено поради фактот што овие пари, наместо за помош на работниците, земјоделците, малите семејни бизниси, ќе завршат во рацете на крупните капиталисти, кои повторно како и во транзицијата, ќе се богатат на сметка на државата, односно народот. Факт е дека овие пари ќе бидат користени и за предизборен поткуп, сега кога СДС и Заев ја изгубија поддршката кај своето гласачко тело.

СДС уште еднаш покажува и докажува дека, наместо од интересите на државата и народот, се води од сопствените интереси, и дека нема капацитет да спроведе економска политика во интерес на народот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close