Политички партии

Соопштение од ДУИ за јавното здравје

Демократската Унија за Интеграција апелира до граѓаните на Република Северна Македонија најсериозно да ги адресираат прашањата по јавното здравје.

Скопје, 4 јуни 2020

Демократската Унија за Интеграција апелира до граѓаните на Република Северна Македонија најсериозно да ги адресираат прашањата по јавното здравје.

Ги повикуваме граѓаните да не ги одбиваат тестирањата, да соработуваат при анкетирањето и да ги одбегнуваат сите околности каде можат да се експонираат на можна инфекција.

Вирусот CoVid-19 е присутен и се проширува загрозувајќи го здравјето на граѓаните, затоа заедно треба да го спречиме.

Здравјето е најбитно и примарно и затоа секој од нас треба максимално треба да ја зголеми заштитата.

Да ги избегнуваме фамилијарните и пријателските собирања да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, максимално да одржуваме хигиена, да не излегуваме од дома без заштитни маски и да држиме физичко растојание.

Враќањето во нормалност може да се оствари само преку максималното почитување на мерките, а нашето невнимание и непочитување на мерките може да предизвикува непредвидливи последици кон здравјето, економијата и општеството.

ДУИ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close