0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политички партии

Соопштение на ВМРО-Народна партија околи акцизата за екстра лесното гориво

ВМРО-Народна партија со внимание ја проследи одлуката на Владата за изедначување на акцизата за екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото.

Скопје, 25 јуни 2020 

ВМРО-Народна партија со внимание ја проследи одлуката на Владата за изедначување на акцизата за екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото.

Сите сме свесни дека со овој чекор ќе се намали потрошувачката на екстра лесното гориво особено за загревање со што се очекува и намалување на загадувањето но со ваквата одлука пак се удира по бизнис секторот каде што многу приватни компании и инвеститори вложиле во системи за греење кои користат токму екстра лесно гориво.

ВМРО-Народна партија ја повикува Владата да отвори компензационен фонд кој ќе компензира и врши поврат на средства на сите кои инвестирале во индустриските процеси особено во системите за загревање на екстра лесно гориво.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close