0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотребите со распределбата на државната помош на фирмите

Скопје, 31 јули 2020

Скопје, 31 јули 2020

Политиките и мерките на власта на Заев се тотално фијаско. Тоа се однесува и на последниот скандал со распределба на државна помош на фирми кои на крајот не завршиле кај работниците.

Но постои основан сомнеж дека скандалот е многу поголем. Се поставува прашањето дали власта на Заев  крие фирми кои зеле помош, а не ја исплатиле кај работниците? Зошто беше објавен список со погрешни податоци на фирми кои платиле? И на крајот најважното прашање, зошто за два дека презентираа различни суми, односно еднаш рекоа милион евра, за потоа сума да биде двојно помала или половина милион евра?

Власта на Заев во многу наврати беше поврзувана со скандалозни исплати на државни средства. Оттука не би не зачудило ако поради ваквите нелогичности од половина милион евра се крие вистинскиот список на фирми во кои можеби се наоѓаат токму фирми на партиски функционери .

Граѓаните, а посебно работниците не можат да бидат сигурни кога се работи за мерки и политики креирани од Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close