0_Македонија.ПорталПолитички партии

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за справувањето на власта со коронавирусот

Скопје, 27 јуни 2020

Ослободување од Заев ќе значи поефикасна борба со корона вирусот

Додека власта на Заев тера политика, рекет и матни зделки, во Македонија рекорден број луѓе умираат и се заболуваат

Додека Венко Филипче политички се препукува, во Македонија има нови 163 заболени и 3 починати од корона вирусот. Со овие бројки земјата се бетонира како рекордер во регионот по починати и заболени на милион жители.

Тоа говори дека на Филипче, СДСМ и Заев личните интереси им се пред здравјето и животите на граѓаните. Поради нивната неодговорност и неспособност во Европската Унија може да влегуваат државјани на Мозамбик, Замбија и Бутан со дозволен влез, но не и Македонија. Очигледно Македонија со Заев е во полоша состојба од земјите во третиот свет.

Целиот систем е во распаѓање, затоа што власта на Заев единствено се посвети на организирање на криминалот. Наместо за граѓаните тие се посветија на сопствените бизниси, на сомнителните тендери, на корупцијата и на рекетот. Јавноста виде дека милиони евра рекетирани пари се претураат во торби, а слушна и дека тие пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви.

Токму затоа Македонија е во здравствена, економска и социјална катастрофа со оваа власт на Заев.

СДСМ и Заев покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close