Политички партии

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во правосудниот и здравствениот систем

Злоупотреба на институциите, селективна правда, нарачани постапки и притвори, па изнуда на огромни суми пари.

Скопје, 21 јуни 2020

Злоупотреба на институциите, селективна правда, нарачани постапки и притвори, па изнуда на огромни суми пари. Вака се тргува со правдата додека Зоран и Вице Заеви владеат со Македонија. Додека секојдневно има висока трицифрена бројка на новозаболени од корона вирусот и по неколку починати, за Заев и понатаму приоритет рекетот. Здравјето на граѓаните не го интересира.

Јавноста слуша за пазари со правдата, за барање 6 милиони евра очигледно во име на Зоран и Вице Заеви.

Еден од обвинетите во случајот „Рекет“ во суд кажа дека рекетираните пари  треба да се бараат кај Заеви.

Загрижува фактот што се во врска со ваквите криминални дејствија води кон центарот на политичка моќ, кај поранешниот премиер, Заев.

Очигледно е станува збор за системски организирана мафија во која што  политички, обвинителски, адвокатски и судски структури заедно со посредници од подземјето тргувале со правдата и остварувале голема материјална корист.

Сето ова случува во период кога Ковид-19 коси се, а Филипче и Заев со неспособноста го направија здравствениот систем целосно нефункуционален.

Филипче наместо да го менаџира здравствениот систем за справување со корона вирусот, тој брои новозаразени и починати од корона вирусот.

Филипче и Заев се грижат за личните интереси, само играат игра со која сакаат да остават впечаток дека нешто работат, дека се грижат за здравјето на граѓаните.

И бројките на новозаболени и починати секојдневно потврдуваат дека Заев не се интересира за здравјето на граѓаните.

На 15-ти јули ќе се стави крај на штетните активности на Заев.

Следи пораз на СДСМ.

Изборот е јасен. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close